Урсула фон дер Лајен: Со руски пари да се купи оружје за Украина

Од:

ЕУ треба да го искористи профитот од над 200 милијарди долари замрзнати руски средства за финансирање на воените потреби на Украина, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Комисијата, потсетува Политико, долго време се залага за искористување на овој профит.

Америка, од друга страна, притиска сите средства да бидат запленети и предадени на Украина, но некои земји од ЕУ стравуваат дека таквиот потег може да предизвика превирања на финансиските пазари. Ова е прв пат Фон дер Лајен да предложи користење на профитот генериран од овие средства за купување муниција за Украина.

„Време е да почнеме да зборуваме за користење на профитот од замрзнатите руски средства за заедничко купување на воена опрема за Украина“, рече таа пред претставниците во Европскиот парламент.

На крајот на јануари, земјите-членки се договорија приходите од руските имобилизирани средства во Европа да ги префрлат на посебна сметка, а сега тие се чуваат во бриселскиот депозитар Euroclear.

„Ако погледнеме наоколу, јасно е дека нема повеќе простор за никакви илузии. Путин ги искористи мировните дивиденди за да се подготви за војна“, рече Фон дер Лајен во својот говор на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур.

Таа нагласи дека Европа мора итно да се разбуди, бидејќи многу се во прашање „нашата слобода и просперитет и мора да почнеме да постапуваме соодветно“.

Комисијата се очекува да предложи план за користење на средствата за поддршка на Украина во средината на март, изјавија двајца официјални лица за Политико, кои сакаа да останат анонимни.

Би можело да ве интересира

Хаос на протестот во Рим: Италијански студенти фрлаа јајца кон „метите“ Мелони и Фон дер Лајен

(ВИДЕО) Нејма јасен пат во овој хаос, последиците ќе бидат страшни – Фон Дер Лајен најави контрамерки

Катерина Ѓуровски

Фон дер Лајен по средбата со Вучиќ: Иднината на Србија е во ЕУ

А1он

Фон Дер Лајен: ЕУ се солидаризира со народот на Северна Македонија во ова тешко време

А1он

„Фирер“, така Лавров ја нарече претседателката на Европската Комисија

Горан Наумовски

ЕУ воведе контра-царини за американски стоки