Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Од:

Европската Унија е подготвена да ги брани своите интереси со пропорционални контрамерки на тарифите што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп, изјави денеска претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен по телефонскиот разговор со британскиот премиер Кир Стармер.

Таа најави дека ЕУ ќе соработува со своите партнери за да ја постигне таа цел, пренесува Ројтерс.

Фон дер Лајен истакна дека 27-те земји-членки на ЕУ се посветени на блиска соработка со Велика Британија во областа на безбедноста и одбраната и изрази загриженост за Русија, која, според неа, ги попречува мировните напори во Украина.

Би можело да ве интересира

Резаи: Ракетите ќе преговараат со Трамп

Иран одговори на планот од 15 точки на Трамп и ги објави своите услови за завршување на војната

Иран: Нема преговори со САД

Трамп испраќа елитни падобранци на Блискиот Исток

Иранска државна телевизија: Иран го отфрла предлогот на САД од 15 точки

Адмиралот Купер тврди: Иранците ќе добијат „сигнал“ кога да излезат на улица