Урсула фон дер Лајен: Договор за Брегзит нема да има ако не бидат решени разликите

Од:

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека сè уште има „значителни разлики“ во ставовите на Брисел и Лондон и оти договорот за Брегзит нема да биде можен доколку не се решат тие разлики.

Фон дер Лајен денеска разговараше со премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон.

Во заедничко соопштение по разговорите се истакнува дека е постигнат напредок во многу области, но не и во клучните три – еднакви услови, управување и риболов.

– Двете страни нагласија дека ниту еден договор не е изводлив доколку овие прашања не се решат. Препознавајќи ја сериозноста на овие разлики, се согласивме дека нашите преговарачки тимови треба да направат дополнителни напори за да проценат дали може да се решат, се вели во соопштението.

Претседателката на Европската комисија вели дека главните преговарачи на Брисел и Лондон ќе се сретнат утре во Брисел, и оти таа повторно ќе се слушне со премиерот Џонсон во понеделник вечер.

Главните преговарачи на Брисел и Лондон, Мишел Барние и Дејвид Фрост вчера заклучија дека „нема услови за напредок во преговорите“ и паузираа во дијалогот за идните односи меѓу ЕУ и Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Официјален Брисел криеше дека Фон дер Лајен е во болница

Ердоган и Фон дер Лајен: Се согласуваме за потребата од зачувување на суверенитетот на Сирија

А1он

Фон дер Лајен: ЕУ треба да ги интензивира односите со групата Хајат Тахрир ал-Шам

А1он

Фон дер Лајен се предомисли, нема да оди на отворањето на Нотр Дам

А1он

Лајен: Сонот за Европа се протега и на Западен Балкан, посветеноста на Европа ќе биде посилна од онаа на Русија

Европскиот парламент ги одобри преостанатите седум кандидати за еврокомесари

Горан Наумовски