Ураганот Сенди се засили на пат кон Куба

Од:

Ураганот Сенди се засили на патот кон источниот брег на Куба, откако претходно ја погоди Јамајка, каде загина едно лице.

Повеќе од илјада жители на Јамајка беа приморани да побараат засолниште од невремето.

Полицијата на Јамајка прогласи 48-часовен полициски час од безбедносни причини. Сенди, кој според наводите на Националниот центар за урагани од Мајами, од категоријата 1 помина во категоријата 2 на Сафир-Симпсоновата скала, е на околу 140 километри југозападно од Гванатнама.

Ураганот со брзина од 175 километри на час, се движи кон северот на Куба.

Се очекува епицентарот на ураганот да биде во Сантјаго де Куба, на околу 500 километри југоисточно од Хавана, наведоуваат агенциите.

Најмалку 55 илјади луѓе се евакуирани од подрачјата за кои се очекува дека ќе бидат поплавени.

 

 

Би можело да ве интересира

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

(ВИДЕО) Мајки со бебиња бегаат од поплавената болница во Аргентина, 10 загинати во поплави

(ВИДЕО) Поплави го погодија југоисточниот дел на САД, загинаа најмалку девет лица

САД: Издадени предупредувања за ледена бура, Калифорнија се подготвува за поплави

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од село Рајчани