Ураганот „Метју“ на Хаити усмрти 39 лица, па засилен се упати кон Флорида

Од:

Откако усмрти најмалку 39 лица и оштети голем број куќи на југот од Хаити, ураганот „Метју“ се упати кон источниот брег на Флорида каде, според прогнози на метеоролозите, ќе добие на сила и ќе премине од трета во четврта категорија.

Најжестоката карипска бура во последните речиси 10 години рано утринава ги  зафати Бахамите, а додека се чека да стигне до американскиот брег во четири американски држави во тек е масовна евакуација, јавуваат британските медиуми.

Повеќето луѓе на Хаити погинале од соборени стебла од дрвја, уривање на фасади и делови од покриви или во надојдените реки.

Патиштата во Флорида, Џорџија и Северна и Јужна Каролина од синоќа се блокирани со колони автомобили, бидејќи милиони луѓе го послушел предупредувањето за евакуација кон внатрешноста бидејќи се приближувал ураганот „Метју“, со ветрови со јачина од околу 185 километри на час, силни бури и поројни дождови.

Вечерва во овие држави се очекуваат врнежи, информира Американскиот национален центар за урагани.

-Сите во нашата држава сега мораат да се подготват за директниот налет на ураганот, изјави вчера гувернерот на Флорида на прес конференција, предупредувајќи на катастрофални последици.

Сите четири држави на патеката на ураганот прогласија вонредна состојба, и отворија засолништа откако нивните гувернери, заедно со претседателот Барак Обама, ги повикаа жителите на евакуација.

Вкупно над 12 милиони американски граѓани се предупредени на ураганот.

Бензинските станици ширум Флорида останаа без гориво, а празните полици во продавниците и долгите редови на бензинските пумпи станаа честа глетка додека граѓаните создаваат залихи.

Оние кои имаат намера ураганот да го сочекаат во своите домови се снабдиле со  големи количества вода, млеко и конзервирана храна, празнејќи ги самопослугите, покажуваат снимките на локалните медиуми.

Би можело да ве интересира

Најмалку четири лица се удавија во морето поради ураганот Нелсон во Шпанија

Изгорени трупови по улиците, луѓето бегаат, бандите прават пустош на Хаити

САД ги повикаа своите граѓани да го напуштат Хаити што е можно поскоро поради ескалацијата на насилството

(ВИДЕО) Вонредна состојба на Хаити: Банди упаднаа во затвор, ослободија 4.000 затвореници

Хаос на улиците на Хаити: Банди сакаат да го соборат премиерот, студенти држени како заложници

Горан Наумовски

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија