Ураганот „Мајкл“ погоди област во близина на Мексико Бич во сојузната држава Флорида, со сила на ураган од четврта категорија, соопшти Националниот центар за урагани.
Ураганот предизвика смртоносни бранови, носејќи со себе ветровите од 250 километри на час.
Силните ветрови на ураганот уништија неколку објектите во градот Панама Сити бич.
Ураганот „Мајкл“ претходно денска се претвори во ураган од четврта категоријата пред да ја погоди Флорида, а 500.000 луѓе беа советувани да се евакуираат.
– Помина времето за евакуација по должината на брегот, напиша гувернерот на Флорида Рик Скот на Твитер, и додаде: „Ако одлучите да останете во областа за евакуација, веднаш треба да побарате засолниште”.
Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба на цела Флорида.
Градоначалникот на Апалачикола Ван Џонсон рече дека, во градот, кој најверојатно ќе биде најсилно погоден од ураганот, евакуацијата е задолжителна.
-Мојата најголема загриженост е тоа што некои луѓе дури сега почнаа сериозно да ја сфаќаат оваа бура и да се евакуираат, рече Џонсон за Си-Ен-Ен.
– Се надевам дека другите што не донеле таква одлука ќе можат да заминат додека патиштата се проодни и пред да се затворат мостовите, вели Џонсон.