Бранови високи до 22 метри и урагански ветрови од преку 200 километри на час се прогнозираат за делови од Азорските Острови кога ураганот Лоренцо ќе го погоди тој архипелаг во Атлантскиот Океан.
Се очекува ураганот од втора категорија да ги погоди португалските острови вечерва и утре претпладне.
Американскиот национален центар за урагани во Мајами издаде предупредувања за ураган за седум од деветте вулкански Азорски Острови и за предупредување за тропска бура за останатите два.
Околу 250.000 луѓе живеат на оддалечените острови.
Властите во Азорите издадоа црвено предупредување за двата најзападни острови Флорес и Корво меѓу полноќ до утре напладне.