Ураганот Јан се приближува до Флорида

Од:

Ураганот Јан денеска го зафати западниот дел на Куба и се придвижи на север кон Флорида. Ураганот е од трета категорија со максимална брзина на ветерот од околу 200 километри на час, соопшти Националниот центар за урагани (НХЦ).

Од НХЦ соопштуваат дека Јан треба да премине во четврта категорија пред да се доближи до западниот брег на Флорида откако ќе удри по фармерските задруги на Куба западно од престолнината Хавана и ќе премина над југоисточниот дел на Мексиканскиот залив.

Дел од кубанските медиуми јавуваат дека Јан денеска наутро дошол до провинцијата Пињар дел Рио што ги натерало локалните власти да ја исклучат струјата во цела провинција со население од 850.000 луѓе како мерка на претпазливост, а од крајбрежјето биле евакуирани 40.000 луѓе.

На Флорида, ураганот се очекува да удри во околината на Тампа в среда навечер и в четврток, со силина од 209 километри на час и 60 сантиметри падежи, соопштија од Националната метеоролошка служба.

Приливот од бурата може да предизвика уништување или катастрофални разурнувања а некои реони можат да бидат неподобни за престој со недели или со месеци.

Последниот голем ураган кој удрил на Тампа бил во 1921 година, кога ветер со брзина од 190 км/ч убил осум лица, соопшти службата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во Флорида не помина предлогот за вклучување на абортусот како уставно право

Милиони загрозени, се повеќе настрадани во Флорида

Предраг Петровиќ

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

ВИДЕО: Еден од најголемите урагани на овој век помина низ Флорида, тројца мртви, милиони без стуја

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Американец веслаше низ дневната соба откако помина ураганот Хелен