Ураганот Исаја се движи кон Флорида

Од:

Ураганот Исаја денеска ги погоди Бахамите предизвикувајќи материјална штета и се движи кон брегот на Флорида, а во Мајами се затворени плажите, пристаништата и парковите.

Гувернерот на американската сојузна држава Флорида, Рон де Санти прогласи вонредна состојна во окрузите долж Атлантскиот брег, каде се очекува да помине ураганот.

Градоначаникот на Мајами, Карлос Химендес претходно изјави дека се отворени 20 центри за евакуација на жителите со почитуивање на мерките воведени поради пандемијата со Ковид-19.

Властите во Северна Каролина наредија евакуација на жителите на островот Окракок, што минатата година беше погоден од ураганот Доријан.

– Ураганот има брзина на ветерот до 135 километри на час и можно е да се зголеми, соопшти американскиот национален центар за урагани во Мајами.

Би можело да ве интересира

Најмалку четири лица се удавија во морето поради ураганот Нелсон во Шпанија

Флорида ќе им забрани на децата под 14 години да користат социјални мрежи

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Авион се урна на автопат на Флорида, двајца мртви

(ВИДЕО) Авион се урна на камперска населба на Флорида, има мртви

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

(ВИДЕО) Крвава Ноќ на вештерките на Флорида: двајца мртви, 18 повредени

Катерина Ѓуровски