Ураганот „Иан“ достигна силина од четврта категорија

Од:

Ураганот „Иан“ достигна силина од четврта категорија на петстепената „Сафир-Симпсонова“ скала додека наближува до западниот брег на Флорида.

Американскиот Национален центар за урагани утринава извести дека брзината на ветриштата достигнала 220 километри на час, а самото „око“ на исклучително опасното невреме било на околу 125 километри западнојугозападно од Неапол на Флорида.

Невремето се движи кон север со брзина од 17 километри на час.

Властите предупредија на потенцијално опасен бран што ќе го зафати густо населениот заливски брег од плажата Бонита до реонот Тампа.

Ветровите и дождот почнаа да зајакнуваат на Флорида еден ден откако „Иан“ ја погоди западна Куба, прекинувајќи го електроснабдувањето на целиот остров.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Се преврте автобус со работници на Флорида, осум мртви, 45 повредени

Најмалку четири лица се удавија во морето поради ураганот Нелсон во Шпанија

Флорида ќе им забрани на децата под 14 години да користат социјални мрежи

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Авион се урна на автопат на Флорида, двајца мртви

(ВИДЕО) Авион се урна на камперска населба на Флорида, има мртви

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија