Ураганот Патриција синоќа се приближи до атлантскиот брег на Мексико и прерасна во „екстремно опасна“ бура од категорија пет, соопшти Националниот центар за урагани на САД.
Бурата движејќи се во правец север-северозапад со брзина од околу 16 километри на час во текот на ноќта прерасна во ураган, а ветерот се движеше со брзина од околу 260 километри на час.
Бурата зафати подрачје од околу 320 километри југозападно од пристаништето Манзанило и е објавено предупредување од опасност од ураган.