Универзитетот во Алепо му го одзеде почениот докторат на турскиот премиер Ердоган

Од:

Универзитетот во Алепо му го одзеде почениот докторат на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган поради неговата поддршка за сириските бунтовници и нападот врз турските демонстранти.

Сириската државна новинска агенција САНА јави дека на Ердоган му е одземен докторатот поради „неговата завера против сирискиот народ и насилството против демонстрантите во Турција“.

Деканот на Универзитетот во Алепо, Кудур Орфали одлуката ја оцени како „порака за солидарност со пријателскиот турски народ кој ја отфрла непријателската политика на Ердоган“.

Односите меѓу Сирија и Турција се влошија на почетокот од бунтот против сирискиот претседател Башар ал Асад во март 2011 година и кога Ердоган стана негов најжесток критичар.

Во Турција има повеќе од 400.000 сириски бегалци, како и голем број опозициски цивилни и воени претставници.

Би можело да ве интересира

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години

Единаесет лица загинаа, а седум се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во Турција