Француската авијација ги бомбардираше позициите на исламистите во Кидал и неговиот регион на крајниот североисток во Мали, уништувајќи ја притоа куќата на шефот на вооружената исламистичка група Ансар Дине (Бранителите на исламот) , јавува дописникот на МИА од Париз.
Оваа информација ја пренесоа француски медиуми повикувајќи се на малиски безбедносни извори, чии сведоштва биле потврдени од жителите на регионот.
– Имаше воздушни удари во регионот на Кидал (на околу 1500 км од Бамако). Тие удари ја погодија куќата на Ивад Аг Гали во Кидал исто како и еден воен камп во градот, изјавил малискиот безбедносен извор.
Според француските медиуми, САД наскоро на располагање на француската авијација ќе ги стават на располагање нвните авиони-танкери со што ќе се зголеми ефикасноста во контролата на територијата на Мали, каде доаѓањето на африканските меѓунардони сили се уште доцни, поради логистички причини.