Унијата на народното движење на Саркози ќе се применува во Републиканци

Од:

Француската конзервативна Унија на народното движење (УМП), која извојува победа на последните департмански избори во Франција, се подготвува да го промени името, со цел, како што најави нејзиниот лидер Никола Саркози, да се „обнови“.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, УМП го прави истото што пред 15 години го стори една друга партија, која го смени своето име во обид да бидат заборавени аферите кои таа ги влечеше зад себе. Таа се викаше Републиканска партија.

Оваа „смена на фасадата“, како што пишува веб порталот на неделникот „Нувел Обс“, ќе треба да се случи пред „дефилето“ на повеќе членови и луѓе блиски на УМП пред судот, во рамките на аферата „Бигмалион“ за финансирањето на претседателската кампања на Саркози во 2012 година, кога била надмината дозволената сума за 12 до 18 милиони евра.

Изборот за ново име на УМП е Републиканци, што предизвикува бранувања во Франција. Според повеќе политичари, Републиката не и припаѓа ниту на левицата, ниту на десницата, туку на сите. Ова име буди и стари спомени, потсетувајќи на името на една друга политичка партија на француската десница, Републиканската партија, која беше создадена во 1977 година по иницијатива на Валери Жискар Д’Естен. Оваа партија беше распуштена 20 години подоцна и се прероди под името Либерална демократија, која на времето беше предводена од Алан Мадлан.

Во 1997 година година Републиканската партија го смени името поради аферите за нејзиното финансирање од црните фондови, односно од провизии исплатени за добивање на зделки во странство, кои послужиле за купување на седиштето на партијата на крајот од 80-те години. На времето беа откриени 350.000 евра во банкноти од 500 франци кај благајникот на партијата Жан-Пјер Тома, сума која доаѓала од тајните фондови на Владата.

Во 2004 година, Франсоа Леотар, кој беше специјален претставник на ЕУ во Македонија во 2001, беше осуден на десет месеци условна казна заради недозволено финансирање на партијата, додека Рено Донадио де Вабре доби затворска казна. Поранешниот благајник Жан-Пјер Тома беше осуден во 2005 на 15 месеци условна затворска казна и 5.000 евра за аферата со наместените јавни зделки во парискиот регион.

Но, за самото финансирање на партијата, најголемиот број од нејзините раководители по петанесет години судска постапка, беа ослободени од обвиненијата.

Со изборот на името Републиканци, Никола Саркози, сакаше да бидат заборавени аферите во кои ќе и се суди на УМП, но не помисли дека ова име ќе потсети на партијата која беше распуштена за да бидат заборавени аферите, а од кои некои членови сега се во редовите на УМП.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата