Локалната милиција во североисточна Нигерија, која се бори против екстремистичката исламистичка организација Боко Харам, денеска ослободи 833 деца-војници, соопшти УНИЦЕФ.
Децата-војници се ослободени од локалната милиција под името Здружени цивилни оперативни сили (ЦЈТФ), кое е формирано е во 2013 година од неколку самоорганизирани групи во нигериската сојузна држава Борно.
Меѓу ослободените деца некои имаат само 11 години.