УНИЦЕФ: Секое деветто дете во светот живее во воена зона

Од:

Околу 250 милиони деца или секое деветто дете во светот, живее во земји кои се зафатени со насилни конфликти, соопшти денеска организацијата УНИЦЕФ, наведувајќи дека само оваа година и се потребни речиси три милијарди долари за да помогне на најзагрозените деца во светот.

– Бројот на деца на подрачјата на кои владее хуманитарна криза ширум светот е во исто време и застрашувачки и освестувачки, соопшти агенцијата на ОН за заштита на децата.

УНИЦЕФ истакна дека во 2016 година ќе му требаат најмалку 2,8 милијарди долари за да им помогне на милиони деца во хуманитарни кризни ситуации ширум светот.
Агенцијата наведува дека годишните финансиски потреби за помош на децата во светот се удвоени за само три години, поради растот на бројот на конфликтите, но и на екстремните временски неприлики, што предизвикува се повеќе деца да бидат бегалци, но исто така милиони деца се изложени на недостиг на храна, насилство, болести, злоупотреба и лошо образование.

– Отприлика секое деветто дете во светот сега живее во конфликтна зона, соопшти УНИЦЕФ.

Би можело да ве интересира

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

Децата се 70 отсто од жртвите на трговија со луѓе во Македонија

Катерина Ѓуровски

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

ВИДЕО: Погодено возило на УНИЦЕФ на влезот на Газа

УНИЦЕФ: Најмалку 17.000 деца во Газа се одвоени од своите семејства

УНИЦЕФ: Убиството на децата во Газа мора да се запре, тие не се цел