УНИЦЕФ: Раст на насилството врз деца во изминатата деценија

Од:

УНИЦЕФ денеска предупреди дека насилството над деца бележи раст во изминатата деценија и дека децата низ светот се рутински изложени на физичко, сексуално и емоционално насилство од убиства до присилни сексуални односи и злоупотреба.

Врз основа на податоци од 190 земји во најновиот извештај на УНИЦЕФ се наведува дека околу 120 милиони девојчиња низ целиот свет се принудени на сексуални односи, додека една петина од вкупниот број на жртви на убиства во светот се млади до 20 години.

– Насилството не познава старосна граница ниту географска, религиска, етничка припадност и висина на приходи. Се јавува на места каде децата треба да бидат безбедни, во нивните домови, училишта и локални заедници. Се повеќе тоа се случува преку Интернет и сторители се членови на семјството, наставници, соседи, странци, како и други деца, изјави извршниот директор на УНИЦЕФ Ентони Лејк.

Во Нигерија терористичката група Боко Харам во април годинава киднапира над 200 ученички, додека во земјата има и најголем број на млади жени кои се жртви на убиства, околу 13.000. Следи Бразил со околу 11.000 регистрирани случаи, додека меѓу земјите од Западна Европа и Северна Америка, САД имаат најголем степен на убиства на деца.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ