УНИЦЕФ: Околу 400.000 деца доживеале траума поради изреалската офанзива на Газа

Од:

Повеќе од 400 деца се убиени во текот на израелската офанзива на Појасот газа, а околу илјада пати повеќе доживеале траума и се соочуваат со исклучетлно тешка иднина, предупреди синоќа претставничката на УНИЦЕФ во Газа, Пернил Ајронсајд.

Таа истакна дека „обновувањето“ на детските животи ќе биде дел од многу поголем напор отколку обновување на палестинската територија по завршувањето на судирите.

– Луѓето загубија цели свои семејства во еден напад. Како може општеството да се избори со тоа? Тоа е длабока, длабока рака, истакна Ајронсајд.

– Ако имате повеќе од седум години, веќе сте преживеале две претходни војни, а најновата ескалација е многу полоша отколку онаа кон крајот на 2008 и почетокот на 2009 година, и во 2012 година, нагласи претставничката на УНИЦЕФ.

Детскиот фонд на ОН проценува дека околу 373.000 деца доживеале некаков вид на директно травматско искуство и им е потребна момантна психосоцијална поддршка.

Екипите се веќе на терен, но се очекува дека нивната работа ќе трае со месеци и години.

Би можело да ве интересира

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Трамп се огласи откако Хамас не го исполни неговиот ултиматум: „Сега Израел нека одлучи што сака да прави“

Предраг Петровиќ

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Ал Хути: Хутите во Јемен ќе преземат воена акција доколку САД и Израел ја нападнат Газа

Жив e српскиот државјанин кој беше меѓу заложниците во Газа

Израел подготвува план за Палестинците да ја напуштат Газа: „Нека ги примат Ирците и Канаѓаните“