УНИЦЕФ: Околу 300 деца се убиени во Појасот Газа од почетокот на израелската офанзива

Од:

Околу 300 палестински деца се убиени во Појасот Газа од почетокот на израелската офанзива против исламистичкото движење Хамас, која започна на 8 јули, соопшти денеска УНИЦЕФ.

– Децата се 30 отсто од цивилните жртви и досега тој број изнесува 296, се наведува во соопштението на Детскиот фонд на ОН, додавајќи дека податоците не се конечни и бројката може да биде поголема.

Меѓу убиените деца во престрелките и воздушните напади 187 се момчиња и 109 девојчиња, а 203 од нив се на возраст под 12 години.

Од почетокот на израелската операција во Газа загинале над 1.600 Палестинци. Израел, кој е критикуван од меѓународната заедница за употреба на прекумерна сила, го обвинува за жртвите палестинското движење, бидејќи ги користело мирните жители како „жив штит“.

Би можело да ве интересира

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Трамп се огласи откако Хамас не го исполни неговиот ултиматум: „Сега Израел нека одлучи што сака да прави“

Предраг Петровиќ

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Ал Хути: Хутите во Јемен ќе преземат воена акција доколку САД и Израел ја нападнат Газа

Жив e српскиот државјанин кој беше меѓу заложниците во Газа

Израел подготвува план за Палестинците да ја напуштат Газа: „Нека ги примат Ирците и Канаѓаните“