Околу 6,6 милиони сириски деца имаат потреба од итна помош, предупреди денеска Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ).
Како што пренесуваат француските медиуми, УНИЦЕФ изразува стравување дека недостигот од средства може да го принуди да ја намали својата помош.
-Тоа е премногу висока бројка и притоа таа и натаму расте многу брзо, на прес конференција во Женева изрази загриженост порпаролот на УНИЦЕФ Сајмон Инграм.
Според него, бројот на засегнати сириски деца од внатрешниот конфликт во земјата се зголемил за два милиона во периодот јуни 2013 – јули 2014 година, или за една третина.
Точно 5,1 милиони од овие загрозени деца живеат во Сирија, додека 1,49 милиони се бегалци.
УНИЦЕФ добил само 37 проценти од побараните 770 милиони долари помош за потребите на сириските деца за оваа година.
Вкупно 10,9 милиони лица имаат потреба од помош во Сирија, забележаа француските медиуми.
Ова е најтешката бегалска криза во светот од геноцидот во Руанда во 1994 година.