УНИЦЕФ: Милиони деца низ светот ќе починат доколку се задржат актуелните тенденции

Од:

Милиони деца низ светот ќе починат во текот на следните 15 години, главно од причини што можат да се избегнат, доколку светската заедница не ги фокусира своите напори врз тоа да му помогне на највурнарабилното население, се наведува во извештајот на Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ), информира ДПА.

И покрај видливото подобрување на благосостојбата на децата благодарение на Целите на милениумот за развој, што ги определи задачите за 2000-2015 година, УНИЦЕФ смета дека милиони од најасиромашните деца низ светот ќе страдаат доколку се задржат сегашните тенденции.

Ако не се посвети посебно внимание на децата кои се наоѓаат во најтешка состојба, 68 проценти од децата на возраст под пет години во следните 15 години ќе умрат од причини што можат да се избегнат и во 2030 година околу 119 милиони деца се уште ќе страдаат од хронична неисхранетост.

Извршниот директор на УНИЦЕФ Ентони Лејк ги повика државите членки на ОН децата од најсиромашните региони да ги стават на чело на своите задачи кога годинава ќе ги формулираат целите за одржлив развој, што ги определуваат главните насоки за следните 15 години.

Би можело да ве интересира

Децата се 70 отсто од жртвите на трговија со луѓе во Македонија

Катерина Ѓуровски

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

ВИДЕО: Погодено возило на УНИЦЕФ на влезот на Газа

УНИЦЕФ: Најмалку 17.000 деца во Газа се одвоени од своите семејства

УНИЦЕФ: Убиството на децата во Газа мора да се запре, тие не се цел

УНИЦЕФ: Повеќе од 8.000 деца во Србија биле изложени на семејно насилство