УНИЦЕФ: Ковид-19 ја одложи имунизацијата на 117 милиони деца

Од:

Повеќе од 117 милиони деца во светот би можеле да останат без неопходната вакцина против морбили во предвидениот рок поради пандемијата на новиот коронавирус, предупреди Фондот за деца при ОН – УНИЦЕФ.

Фондот прецизира дека поради пандемијата, вакцинацијата против морбили во моментов е одложена во 24 држави, со можност тоа да се прошири во вкупно 37 земји.

Истовремено, УНИЦЕФ ја потенцира важноста од вакцинирање на децата.

Според Светската здравствена организација, и покрај докажаната и ефикасна вакцина која се користи повеќе од 50 години, во последните неколку години бројот на заболени од морбили се зголемува. Во 2018 година од таа болест починаа над 140.000 лица, од кои најголемит дел деца и бебиња.

Би можело да ве интересира

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

Децата се 70 отсто од жртвите на трговија со луѓе во Македонија

Катерина Ѓуровски

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

ВИДЕО: Погодено возило на УНИЦЕФ на влезот на Газа

УНИЦЕФ: Најмалку 17.000 деца во Газа се одвоени од своите семејства

УНИЦЕФ: Убиството на децата во Газа мора да се запре, тие не се цел