Јеменскиот судир предизвика хуманитарна катастрофа во таа сиромашна земја, соопшти денеска Агенцијата на Обединетите нации за децата (УНИЦЕФ).
– Речиси двомесечната војна меѓу бунтовниците Хути и провладините сили поддржани од воздушните напади под саудиско водство загрози милиони луѓе. Голем број деца се убиени во борбите, изјави претставничката на УНИЦЕФ во Јемен, Џулиен Хернеис.
УНИЦЕФ и Меѓународниот комитет на Црвениот крст се обидуваат да достават помош во Јемен, но имаат проблеми да добијат одобрување од коалицијата предводена од Саудиска Арабија.