УНИЦЕФ ја критикува Германија за третманот на децата бегалци

Од:

Голем број деца бегалци во Германија минуваат долг период во сместувалишта во кои не се чувствуваат безбедно, се вели во студија спроведена од Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ).

Според Фондот, дел од малолетните деца баратели на азил во Германија се сместени во објекти каде што живеат во огромен метеж заедно со десетици други деца во исти простории, некои од нив имаат ограничен пристап до образование и не добиваат соодветна здравствена заштита.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, студијата на УНИЦЕФ, која ги опфаќа 350-те илјади деца и тинејџери дојдени во Германија од 2015 година како бегалци, покажува дека тие често минуваат месеци во сместувалишта каде понекогаш се соочуваат со злоставување или насилство,

Во истражувањето објавено денеска се вели дека само една третина од децата сместени во бегалски кампови имаат пристап до образование и дека децата бегалци со хронични или психолошки болести немаат исто ниво на пристап до здравствена заштита.

Во рамки на истражувањето спроведено од мај до септември минатата година, експертите на УНИЦЕФ разговарале со 447 вработени во сместувалишта за бегалци, кои анонимно зборувале за проблемите на децата бегалци во Германија.

Најголемиот број на бегалци кои во последниве две години преку балканската или други рути заминаа кон Европа, Германија ја гледаат како најдобра дестинација за остварување на своите права како бегалци.

Би можело да ве интересира

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите