Во извештајот на организацијата „Publish What You Fund“ УНИЦЕФ е рангирана како трета најтранспарентна од вкупно 46 најголеми донаторски организации во светот.
– УНИЦЕФ има остварено најзначаен напредок во последните три години и е една од оние 10 организации кои ја исполниле Обврската од Бусан, а информациите за финансиите, програмите и резултатите ги направиле јавни, се наведува во извештајот.
Годинешниот индекс покажува дека моментно само 25 отсто од глобалната донаторска помош ги исполнуваат стандардите на транспарентност.