УНИЦЕФ: Десет милиони деца би можеле да стапат во брак за време на пандемијата

Од:

Во услови на пандемија на коронавирусот, десет милиони деца може да стапат во брак до 2030 година, предупреди УНИЦЕФ, а уште стотина милиони девојчиња може да бидат принудени на брак до крајот на деценијата.

Браковите на девојчиња на возраст под 18 години се резултат на повеќе фактори поврзани со кризата поради Ковид 19, пред сè затворање на училишта, влошување на економските услови, нарушувања во јавните услуги и смрт на родителите, предупредува Фондот за деца на ОН.

– Ковид-19 ја влоши веќе тешката состојба за милиони девојчиња … Но, можеме и мора да ставиме крај на малолетничките бракови, истакна извршната директорка на УНИЦЕФ, Хенриета Форе во изјава објавена денеска.

Пандемијата на тој начин се заканува да го запре напредокот постигнат во изминатата деценија во која стапката на бракови на малолетни девојчиња се намали од 25 на 20 проценти, што значи дека 25 милиони вакви бракови не биле склучени.

– Мораме да преземеме итни чекори за да ги намалиме последиците (од пандемијата) врз девојчињата и нивните семејства, рече Форе. – Со повторно отворање на училиштата, обезбедување пристап до социјална заштита и услуги и спроведување на законите и соодветните политики, можеме да помогнеме да се спречи уништувањето на нивното детство.

Податоците на УНИЦЕФ покажуваат дека 650 милиони девојчиња во светот се венчале пред да наполнат 18 години. Половина од ваквите бракови се случиле во Бангладеш, Бразил, Етиопија, Индија и Нигерија.

Стапката на бракови на малолетни девојчиња во Нигер минатата година е 76 проценти, а во Демократска Република Конго 68 проценти, наведува УНИЦЕФ.

Стапката на брак на малолетни момчиња е шест пати помала од онаа на девојчињата.

Би можело да ве интересира

Полицијата пронајде две мали деца на улица, децата им се предадени на родителите

Горан Наумовски

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

ТикТок повторно на мета: Поднесена уште една тужба за собирање податоци за деца

A1on

Децата се 70 отсто од жртвите на трговија со луѓе во Македонија

Катерина Ѓуровски

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

A1on