Децата кои живеат во кризните подрачја во светот оваа година се изложени на напади од шокантни размери, објави Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ).
Напаѓачите бесрамно го занемаруваат меѓународното право кое е осмислено за да ги заштити најранливите, се наведува во соопштение на УНИЦЕФ.
– Децата се мета и се изложуваат на напади и насилство во нивните домови, во училиштата и на игралиштата. Светот не смее да отрпне на тие напади и таквата суровост не смее да стане нормална, изјави директорот на програмата на УНИЦЕФ за вонредни состојби Мануел Фонтаин.