УНИЦЕФ бара девет милиони долари за борба против вирусот Зика

Од:

УНИЦЕФ побара помош од девет милиони долари за своите програми во Јужна и Северна Америка со цел да се спречи ширењето на вирусот зика и намалување на неговите последици врз новороденчињата и семејствата во овој регион.

Во соопштение на агенцијата на ОН се наведува дека нејзините програми се насочени кон подучување на локалните заедници во Бразил како да се заштитат од убодот на комарец и како да се уништат нивните легла.

– Иако нема целосни докази за поврзаноста меѓу микроцефалијата и вирусот зика, сепак постои голема загриженост за да се преземат мерки, изјави висока советничка на УНИЦЕФ за кризни ситуации во јавното здравство.

Шпански здравствени власти денеска соопштија дека лабораториски анализи потврдиле четврти случај на овој вирус во Шпанија.

Владата на југоисточната област Мурсиа соопшти дека тестирањата, кои ги извршил Националниот центар за микробилогија, потврдиле случај на зараза од овој вирус кај човек кој е лекуван пред две недели во регионална болница, откако посетил се уште неименувана земја зафатена од зика. Останатите три случаи во Шпанија, исто така, се регистрирани кај луѓе кои патувале во региони погодени од зика вирусот во Латинска Америка.

Би можело да ве интересира

УНИЦЕФ: Најмалку 100 деца се убиени или ранети секој ден во Појасот Газа од 18 март

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

Децата се 70 отсто од жртвите на трговија со луѓе во Македонија

Катерина Ѓуровски

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

ВИДЕО: Погодено возило на УНИЦЕФ на влезот на Газа

УНИЦЕФ: Најмалку 17.000 деца во Газа се одвоени од своите семејства