Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) денеска соопшти дека затворањето на границите во Европа за да бидат запрени мигрантите, е нехумано.
Затворањето на границите на Балканот и контроверзниот договор меѓу Турција и Европската унија доведоа до драстично намалување на бројот на луѓе кои годинава влегоа во Европа, откако минатата година пристигнаа околу еден милион луѓе.
– Многу луѓе се удираат в гради и кажуваат дека договорот функционира, дека луѓето ќе престанат да доаѓаат. Но, тоа не е се. Тоа го враќа проблемот назад и проблемот се уште не е решен, изјави портпаролката на УНХЦР, Мелиса Флеминг по првиот Светски самит за хуманитарни прашања во Истанбул.
Таа додаде дека затворањето на границите е нехумано.