УНХЦР задоволен од резултатите на Самитот за бегалците

Од:

Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) ја поздрави поддршката на која се обврзаа државите учеснички на Самитот за бегалци, одржан во Њујорк на иницијатива на американскиот претседател Барак Обама, што заврши синоќа.

Пеесет држави и организации кои учествуваат на Самитот, го зголемија својот удел во хуманитарните активности во 2016 година за 4,5 милијарди долари. Во таа сума е вклучена и една милијарда од САД, што ја најави Обама на отворањето на собирот.

Тој додаде и дека со огромната вкупна помош ветена од владите на Турција, Тајланд, Чад и Јордан, ќе се обезбеди облека, образование, згрижување и работа за повеќе од еден милион деца бегалци.

Освен тоа, според УНЦХР, лидерите се согласиле двојно да го зголемат зацртаниот број на бегалци кои би ги прифатиле во своите земји. Сега границата е поставена на бројката од 360.000.

– УНХЦР е прилично охрабрен од фактот што гледаме дека владите преку Њујоршката декларација се обврзаа на брзи резултати, кои низ новите и конкретни акции што ги најавија државите, наскоро ќе станат видливи, нагласи првиот човек на Комесаријатот, Филипо Гранди,

– Меѓународната солидарност за бегалците значи дека владите ја зголемуваат својата поддршка и дека пружаат брза, конкретна помош во вид на парични средства, преку вложување во земјите кои треба да ги прифатат бегалците и во локалните заедници, така што на бегалците би им се осигурало правото на живот, работа и студирање во тие земи, со што ќе им се укаже можност одново да го изградат својот живот. Во наредните денови УНХЦР ќе го анализира сето она што е договорено. Не радува тоа што ќе соработуваме со тие држави и ќе бидеме вклучени во оваа акција, додаде Гранди.

УНХЦР исто така ја поздрави најавата на Глобалниот фонд на Светската банка за свое учество и се заблагодари на првичната помош на САД од 50 милиони долари, кои веднаш ќе му бидат ставени на располагање на Комесаријатот.

Би можело да ве интересира

УНХЦР: Над осум милиони лица ја напуштија Украина од почетокот на конфликтот

УНХЦР: Повеќе од седум милиони бегалци ја напуштија Украина

А1он

Медитеранските земји очекуваат повеќе од 150.000 мигранти

Ана Ололовска

УНХЦР: Во светот има над 100 милиони присилно раселени лица

УНХЦР: Во 2021 година над 3.000 мигранти загинале обидувајќи се да стигнат во Европа

А1он

УНХЦР: Над 3,5 милиони лица избегаа од војната во Украина

А1он