Повеќе од 68.000 луѓе годинава го поминале Егејско Море од Турција до Грција, соопшти денеска Високиот комесаријат на Обединети нации за бегалци.
– Од почетокот на годината до 6. февруари 68.023 луѓе патувале од турскиот брег до грчките острови. Најмалку 366 лица загинаа во ризичното патување по море во обид да стигнат во Европа, се наведува во соопштението на УНХЦР.
Соопштението е објавено еден ден пред посетата на германската канцеларка Ангела Меркел на Анкара, каде е предвидено да се сретне со турскиот премиер Ахмет Давутоглу. Двајцата лидери ќе разговараат за планот за контрола врз мрежите за илегална трговија со луѓе и за ограничување на миграцијата.