Агенцијата за бегалци при ОН денеска соопшти дека терористите од Исламска Држава заробиле 3.000 Ирачани, а постои голема веројатност дека дванаесетмина од нив се погубени.
Како што е наведено во соопштението, постои веројатност дека припадници на ИД вчера заробиле приближно 3.000 внатрешно раселени Ирачани кои се обиделе да ги напуштат своите села и да побегнат во месноста Киркук во областа Хавиг. За дванаесетмина од нив се стравува дека се погубени.
„Наводно, 12 лица од заробените се убиени“, стои во извештајот на УНХЦР.