Агенцијата за бегалци на Обединети нации (УНХЦР) го повика унгарскиот премиер Виктор Орбан да се откаже од строгите правила за азил, чии делови го кршат меѓународното право.
Унгарија минатиот месец ги затвори така наречените транзитни зони за мигранти, ослободи околу 300 бегалци, но воведе построги правила и пракса за идните барања на азил, според кои барањето за азил да се поднесе во конзулатите во соседните држави, а не на унгарската граница.
– Тоа би можело да ги изложи барателите на азил на ризик од протерување и лошиот третман, што е кршење на Конвенцијата за бегалци од 1951 година и други меѓународни и регионални инструменти за човекови права, чиј потписник е и Унгарија. Можноста за пристап до територијата е клучен предуслов за правото за барање на азил, се наведува во соопштението на УНХЦР.
Портпаролот на унгарската Влада тврди дека новите правила им пружаат можност на барателите на азил своите барања да ги предадат на регулиран начин.
– Илегалната миграција е спротивна на унгарските и на регулациите на Европска Унија. Поради тоа, во согласност со ставот на унгарскиот народ, Унгарија ќе продолжи да ги штити шенгенските граници на ЕУ од илегална миграција, наведе портпаролот на унгарската Влада.