УНХЦР: Светот нема одговор на кризата

Од:

Меѓународната заедница повеќе не е во состојба превентивно да влијае врз конфликтите, што доведе до најголемите бегалски кризи по Втората светска војна, изјави денеска во Анкара високиот комесар на Обединетите нации за бегалци, Антонио Гутереш.

– Нема ефективно водство и нема капацитети за превенција на судирите, кои некогаш постоеја, предупреди првиот човек на УНХЦР во говорот на дипломатскиот собир во главниот град на Турција.

Тој укажа дека судирите во Сирија и Ирак принудиле над 13 милиони лица да ги напуштат своите домови, што е најлоша криза од ’40-те години на минатиот век, додека ситуацијата постојано се влошува и во Јужен Судан. Либија и Чад.

– Непредвидливоста и неказнивоста станаа правила на игра во денешниот свет, новите конфликти се множат, а старите не се решаваат, предупреди Гутереш.

Шефот на УНХЦР процени дека вкупниот број на раселени лица на планетата надминал 50 милиони, нешто што не е забележано во изминатите седумдесет години.

Турција го повика Гутереш на годишен состанок на своите амбасадори во Анкара поради тоа што е тешко погодена од конфликтот во соседните Сирија и Ирак.

Би можело да ве интересира

УНХЦР: Над осум милиони лица ја напуштија Украина од почетокот на конфликтот

УНХЦР: Повеќе од седум милиони бегалци ја напуштија Украина

А1он

Медитеранските земји очекуваат повеќе од 150.000 мигранти

Ана Ололовска

УНХЦР: Во светот има над 100 милиони присилно раселени лица

УНХЦР: Во 2021 година над 3.000 мигранти загинале обидувајќи се да стигнат во Европа

А1он

УНХЦР: Над 3,5 милиони лица избегаа од војната во Украина

А1он