Првиот центар на ОН во Либија за времено прифаќање на бегалци ќе биде отворен кон почетокот на следната година, изјави високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди за време на меѓународната конференција „Средоземноморски дијалог“.
Тој изрази надеж дека центарот на УНХЦР за времено прифаќање на луѓе, кои бараат меѓународна заштита, да почне со работа кон почетокот на 2018 година, но според него, треба да се има предвид дека ситуацијата е многу нестабилна.