Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) им предложи денеска на шефовите на земјите членки на ЕУ план од шест точки за решавање на бегалската криза, предупредувајќи дека ситуацијата драстично се влошува во Грција, каде се „заробени“ околу 30.000 луѓе.
– Предлогот на УНХЦР вклучува и воспоставување центри на ЕУ во секоја држава членка, кои треба да „преземат одговорност во име на цела Европа за регистрација на луѓето и нивно распоредување според договорениот систем“, изјави во Женева портпаролката на Агенцијата на ОН, Мелиса Флеминг.
Истовремено, високиот комесар за бегалци Филипо Гранди побара 10 отсто од сириските бегалци да се распоредат ширум светот во следните три месеци.
Тој изрази надеж дека овој предлог ќе биде потврден на конференцијата на 30 март.