УНХЦР: На Европа и треба систем за гарантирано преселување на сириските бегалци

Од:

Европа треба да предложи гарантирано преселување на сириските бегалци, бидејќи рекорден број луѓе се собираат во Македонија и Грција, поради проблемите во татковината и во соседните држави, објави денеска Високиот комесаријат на ОН за бегалците.

„Рекордни седум илјади сириски бегалци пристигнаа во Македонија вчера, а околу 30.000 се наоѓаат на грчките острови, вклучувајќи 20.000 на островот Лезбос“, соопшти УНХЦР

– Дискусиите во Европа оваа недела стекнуваат уште поитен карактер, бидејќи е очигледно дека не може да има германско решение на европски проблем, изјави портпаролката на Високиот комесаријат за бегалци на ОН Мелиса Флеминг на прес-конференција во Женева.

Таа ги поздрави поединечни предлози на Велика Британија и Франција да прифатат сириски бегалци, но посочи дека прифатни центри треба да бидат изградени во земји како Унгарија и Грција.

– Тие ќе можат да работат само ако има систем за гарантирано преселување, при што европските држави ќе кажат „Да“, ќе прифатиме „ Х“ број бегалци. Ние сметаме дека системот треба да биде за 200.000 луѓе – толку мислиме дека ќе имаат потреба од преселување во европски држави, рече Флеминг.

Би можело да ве интересира

УНХЦР: Над осум милиони лица ја напуштија Украина од почетокот на конфликтот

УНХЦР: Повеќе од седум милиони бегалци ја напуштија Украина

А1он

Медитеранските земји очекуваат повеќе од 150.000 мигранти

Ана Ололовска

УНХЦР: Во светот има над 100 милиони присилно раселени лица

УНХЦР: Во 2021 година над 3.000 мигранти загинале обидувајќи се да стигнат во Европа

А1он

УНХЦР: Над 3,5 милиони лица избегаа од војната во Украина

А1он