УНХЦР изрази загриженост поради насилствата на грчко-македонската граница

Од:

УНХЦР денеска изрази голема загриженост поради тензиите и насилствата на границата меѓу Грција и Македонија и повика при управување со границите да се почитуваат човековите права и правата на бегалците.

Во последните денови се зголемени тензиите во Идомени, на грчката страна на границата, по ограничувањата за приемот на мигранти од земји кои не се погодени од војна, како што се Сирија, Авганистан и Ирак, принцип воведен по целата западно-балканска рута. Тие тензии, во неколку наврати, доведоа до насилства и привремено зтаворање на границата, соопшти УНХЦР.

Оваа организација уште изрази и жалење за денешната смрт на државјанин на Мароко под се уште неразјаснети околности и истакнува дека властите треба да преземат соодветни чекори.
– Ги повикуваме властите во Грција итно да воспостават безбедност за да се заштитат оние на кои таа заштита им е потребна, како и работниците од хуманитарните агенции и волонтерите. на бегалците на кои им е одбиен влез во Македонија, обезбеден им е превоз назад во Атина, каде на располагање им се прифатни објекти и згрижување и каде персоналот на УНХЦР може да им понуди индивидуална правна помош и други совети, се наведува во соопштението од УНХЦР.

Би можело да ве интересира

УНХЦР: Над осум милиони лица ја напуштија Украина од почетокот на конфликтот

УНХЦР: Повеќе од седум милиони бегалци ја напуштија Украина

А1он

Медитеранските земји очекуваат повеќе од 150.000 мигранти

Ана Ололовска

УНХЦР: Во светот има над 100 милиони присилно раселени лица

УНХЦР: Во 2021 година над 3.000 мигранти загинале обидувајќи се да стигнат во Европа

А1он

УНХЦР: Над 3,5 милиони лица избегаа од војната во Украина

А1он