УНХЦР бара од државите да прифатат уште 400.000 Сиријци

Од:

Високиот комесар на Обединетите нации за бегалци, Филипо Гранди, вчера изјави дека побара од земјите во светот да се согласат да примат уште 400.000 бегалци од Сирија, јави Танјуг.

Во текот  на својата прва посета на Вашингтон откако дојде на чело на УНХЦР, Гранди истакна дека светот мора да направи многу повеќе за да се заврши сириската криза, пренесуваат француските медиуми.

-Ќе претседавам со состанокот во Женева на 30 март, на кој ќе побарам од меѓународната заедница да прифати десет отсто од вкупниот број сириски бегалци, рече шефот на УНХЦР.

„Десет отсто се многу луѓе. Тоа се повеќе од 400.000 лица“, рече Гранди вчера, на петата годишнина од војната во Сирија.

Од почетокот на конфликтот повеќе од четири милиони Сиријци ја напуштиле оваа разорена земја, додека шест милиони се раселени внатре, во границите на земјата.

Би можело да ве интересира

УНХЦР: Над осум милиони лица ја напуштија Украина од почетокот на конфликтот

УНХЦР: Повеќе од седум милиони бегалци ја напуштија Украина

А1он

Медитеранските земји очекуваат повеќе од 150.000 мигранти

Ана Ололовска

УНХЦР: Во светот има над 100 милиони присилно раселени лица

УНХЦР: Во 2021 година над 3.000 мигранти загинале обидувајќи се да стигнат во Европа

А1он

УНХЦР: Над 3,5 милиони лица избегаа од војната во Украина

А1он