УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Од:

Оваа година околу 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа, според Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).

Се додава дека најголем број од нив влегле во Италија – повеќе од 130.000, што е зголемување за 83 отсто во споредба со минатата година, пренесува АП.

Остатокот пристигнале во Грција, Шпанија, Кипар и Малта.

Истовремено, од јануари до 24 септември годинава загинале или исчезнале речиси 2.800 лица кои се обиделе да го преминат Медитеранот, што е значително зголемување во споредба со 1.680 лица кои загинале или исчезнале во истиот период во 2022 година.

Најголемиот број бегалци и мигранти кои се обиделе да стигнат до Европа преку Медитеранот се од Тунис – повеќе од 102.000 од нив.

Би можело да ве интересира

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

ВИДЕО: Трамп почна масовна депортација на мигранти од Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски