Унгарскиот Парламент ги изгласа спорните измени на Уставот

Од:

Унгарскиот Парламент денеска усвои низа спорни измени на Уставот, за кои Европската унија и Советот на Европа предупредија дека можат да ја загрозат демократијата и владеењето на правото.

„За“ амандманите гласаа 265 пратеници, 11 беа „против“, а 33 беа „воздржани“.

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо и генералниот секретар на СЕ Торбјорн Јагланд во заедничкото соопштение укажаа дека се поставува прашањето дали амандманите се во согласност со уставните вредности, европското право и стандардите на СЕ.

И претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц изрази жалење за усвојувањето на амандманите.

– Не сум единствен кој е загрижен за уставните измени и нивните евентуални негативни последици по владеењето на правото и почитувањето на основните права, посочи Шулц.

Тој изрази разочарување бидејќи унгарскиот премиер Виктор Орбан не го послушал неговиот предлог и не побарал мислење од Венецијанската комисија на СЕ пред гласањето.

Би можело да ве интересира

Бока: Европскиот парламент повторно ја нападнал Унгарија

Новата германска влада подготвува казна за Орбан

Орбан: Брисел се подготвува за војнa

Орбан: Европската Унија денес е лав без заби, без ресурси и автономна сила

Се подготвува воен сојуз меѓу Србија и Унгарија

Сијарто: Унгарија не го поддржа новиот пакет помош на ЕУ од 20 милијарди евра за Украина