Унгарија може да го загуби гласот во ЕУ поради недемократското владеење на Орбан

Од:

Европскиот суд на правдата ја отфрли жалбата на Унгарија, со која се оспорува постапката која против оваа земја ја покренаа пратеници поради кршење на заедничките вредности, се наведува во судската пресуда.

Во септември 2018 година европски пратеници гласаа за преземање мерки против Владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан поради наводно поткопување на демократските вредности на ЕУ и владеењето на правото.

Со гласањето е препорачано активирање на процедура по таканаречениот член 7 од договорот за функционирање на ЕУ, според кој Унгарија може да се казни со одземање на правото на глас.

Европските пратеници ја изразија својата загриженост околу слободата на медиумите, академските слободи, малцинските права, па дури и независноста на судството.

Унгарија потоа поднесе жалба на оваа одлука, сметајќи дека Парламентот требало да ги земе предвид воздржаните и да осуди „политичко мотивирано“ гласање.

Во денешното соопштение на Судот на правдата на ЕУ се наведува дека големиот судски совет ја отфрла жалбата на Унгарија.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Унгарија е единствената земја што го блокира членството на Украина во ЕУ

Медиуми: Амбасадорите на ЕУ одобрија продолжување на санкциите против Русија

Лавров: Не ме интересира ставот на ЕУ за Украина, имаме „нормални“ разговори со американски претставници

Трамп: ЕУ воведе царина од 50 отсто за вискито, ние ќе им одговориме со 200 отсто царини

САД не беа поканети на тајниот воен состанок во Париз

ЕУ воведе контра-царини за американски стоки