Унгарија лута на Европскиот суд на правдата: Брисел ја злоупотребува својата моќ

Од:

Унгарија луто реагираше на пресудата на Европскиот суд на правдата, што отвора можност земјата да загуби од фондовите на ЕУ поради спорот за владеењето на правото, јави ДПА.

Унгарската министерка за правда, Џудит Варга, одлуката на Судот ја нарелче „политички мотивирана“.

– Одлуката е доказ дека Брисел ја злоупотребува својата моќ, напиша Варга на Твитер.

Таа тврди дека одлуката е базирана само врз тоа што „минатото лето го усвоивме нашиот Закон за детска заштита“.

Коментарот на Варга се однесува на легислативата, донесена минатата година, за штитење на децата и младите лица во Унгарија од одредена содржина, поврзана со сексуалноста.

Критичарите го критикуваа законот како обиди за отфрлање на хомосексуалноста и трансродовите лица и за да ги оддалечи младите од важните информации.

Европската унија поведе прекршочна постапка како одговор на контроверзната легислатива. Сепак, тој случај, не е поврзан со механизамот за владеење на правото во центарот на денешната пресуда во Европскиот суд за правда.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бока: Европскиот парламент повторно ја нападнал Унгарија

Новата германска влада подготвува казна за Орбан

Орбан: Брисел се подготвува за војнa

Орбан: Европската Унија денес е лав без заби, без ресурси и автономна сила

Се подготвува воен сојуз меѓу Србија и Унгарија

Сијарто: Унгарија не го поддржа новиот пакет помош на ЕУ од 20 милијарди евра за Украина