Унгарија: Ќе ја блокираме воената поддршка на Украина додека не се укинат санкциите против ОТП банка

Од:

Унгарија ќе ја блокира следната транша од воената помош на ЕУ за Украина и секој нов пакет санкции против Русија доколку Киев не ја отстрани унгарската ОТП банка од листата на воени спонзори, изјави во средата унгарскиот министер за надворешни работи.

„Не можеме да дадеме зелено светло се додека ОТП е на црната листа“, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, додавајќи дека „истото важи и во случај на санкции“. Унгарија не ја одобри исплатата на следната транша од воената помош за Украина од Европскиот фонд за мир (ЕПФ), барајќи гаранции дека и другите региони, како Балканот или Северна Африка, ќе добијат средства.

Досега ЕУ има обезбедено околу 3,6 милијарди евра воена поддршка

ЕПФ, основана во 2021 година, е вонбуџетски инструмент чија цел е зајакнување на способноста на ЕУ да спречи конфликти, да изгради мир и да ја зајакне меѓународната безбедност. Досега ЕУ обезбеди вкупно околу 3,6 милијарди евра за воена поддршка на Украина.

Унгарија, која е членка на ЕУ и НАТО, одби да испорача каква било воена опрема на соседна Украина и постојано ги критикуваше санкциите на ЕУ против Русија, но на крајот сепак ги поддржа сите мерки што беа договорени досега.

Би можело да ве интересира

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американски снајперист во Украина: Мора да го запреме Путин