Унгарија ќе издава државјанства на странски инвеститори

Од:

Унгарија ја разгледува можноста за издавање на дозволи за постојан престој, а потоа и за унгарско државјанство на богатите странски инвеститори, објавено е на интернет-страницата на унгарскиот Парламент.

Според предлог-законот право на постојан претстој и потоа на унгарско државјанство ќе добијат странците кои ќе купат најмалку државни обврзници во висина од 250.000 евра.

Лицата кои ќе добијат унгарски пасоши имаат право да живеат и работаат на подрачјето на цела Европска унија. Предлогот е поддржан од владејачката партија треба да привлече нови инвеститори, посебно од Кина.

Унгарија има милијарди долари надворешен долг и бара начини да го рефинансира или подмири тој долг, што вклучува и проджба на државите обврзници.

Би можело да ве интересира

Унгарија од Кина зема заем од милијарда евра

ВМРО-ДПМНЕ: Каматната стапка на парите од Унгарија е двојно помала од еврообврзницата што ја зедоа СДСМ и ДУИ

Унгарија наскоро ќе го преземе претседавањето со ЕУ, нивната парола е копија од слоганот на Трамп

Горан Наумовски

Кина е најголем инвеститор во Унгарија

Европскиот суд на правдата ја казни Унгарија, Орбан ја нарече пресудата срамна

A1on

Судир на два брода во Унгарија, две лица загинаа, пет исчезнати