Унгарија ја тужи ЕУ за користење на замрзнатите руски средства за воена помош на Украина

Од:

Унгарија официјално поднесе тужба против Советот на Европската Унија и Европскиот мировен фонд (ЕМФ) пред Судот на правдата на Европската Унија во Луксембург, поради одлуката за користење на средствата од замрзнатите руски државни средства за воена помош на Украина.

Тужбата е поднесена на 11 јули 2025 година, а на 25 август Европскиот суд објави дека го примил предметот, со што официјално ја започнал постапката, објавува денес унгарскиот портал Портфолио.

Спорната одлука на Советот на ЕУ од мај 2024 година предвидува дека 99,7 проценти од нето-приходот генериран од управувањето со замрзнатите средства на руската централна банка се насочува кон фондот ЕМФ, од кој се испорачува оружје, муниција и друга воена помош на Украина.

Би можело да ве интересира

Марта Кос: Без безбедна Украина, нема безбедна Европа

Орбан: Отворете ја „Дружба“ или Украина ќе остане без кредит

Соборени се 250 дронови што се движеа кон Москва

Ја претворивте целата ваша територија во легитимна цел, порака за Украина од Иран

Катерина Ѓуровски

Орбан: Украинците се способни да го оштетат сопствениот нафтовод

Унгарија ги блокира санкциите кон Русија