Украинците тврдат дека вратиле 480 квадратни километри територија

Од:

Украина ја врати контролата над 480 квадратни километри територија во југоисточниот и источниот дел од фронтот од крајот на јануари, изјави началникот на украинската армија Александар Сирски.

По посетата на фронтот, Сирски рече дека Украина ја вратила контролата врз осум населени места во регионот Дњепропетровск на исток и четири населени места во југоисточниот Запорожски регион.

„И покрај успесите на Украина, руските трупи ја продолжуваат својата пролетна офанзива“, рече Сирски.

Според него, целта на Русија е да окупира повеќе украинска територија и да воспостави „тампон зона“ во регионот Дњепропетровск.

Би можело да ве интересира

Мелони бара објаснување од Зеленски: Кои западни сојузници знаеле за нападот во Бенгази?

Павел: Ограничена руска воена операција би можела да го загрози единството на НАТО

(ВИДЕО) „Телеграф“: Зеленски издаде надерба да се уништи „гордоста на Путин“

Русите нападнаа деловни згради во Украина, има загинати

Горан Наумовски

Меланија Трамп: Продолжувам да работам на повторното обединување на семејствата од Русија и Украина

Рим категорично ја демантираше изјавата на Зеленски: „Тоа не е вистина“