Унгарија и Велика Британија оковани со снег

Од:

Снежни врнежи ги погодија денеска Велика Британија и Унгарија, предизвикувајќи сообраќаен хаос и доведоа до откажувања на летовите и затворање на училиштата.

Снегот го парализираше сообраќајот во некои места во западниот дел на Унгарија, а поради невремето во пет области е прогласена вонредна состојба.

Камиони потешки од 7,5 тони, стојат на границата со Словенија и не им е дозволено да влезат на територијата на Унгарија, јави државната новинска агенција МТИ. На западниот и северниот дел на Унгарија до утринските часови нападнале околу 40 сантиметри снег.

Поради снежните врнежи, од лондонскиот аеродром Хитроу, откажани се 180 летови, а повеќе од 2.000 училишта ширум островот се затворени.
Аеродромите се затворени и во Кардиф, Саутемптон и Бристол, објави АФП.

Поради снегот и мразот затворени се патиштата, има проблеми во железничкиот сообраќај, а не работаат и неколку стотини училишта.

Се очекува дека во некои области на земјата ќе се формира снежна покривка дебела до 30 сантиметри, како и дека највеќе снег ќе има во областите на јужен и западен Лондон.

Снежни врнежи, исто така прават големи проблеми и на жителите на Чешка и Словачка.

Би можело да ве интересира

Најмалку 17 лица загинаа во невремето во САД

Бројот на жртвите од невремето во САД се искачи на пет

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од село Рајчани

3,5 милиони евра за снегот и мразот по улиците, но сумата допрва ќе расте