Унгарија и Словачка сугерираат дека се жртви на биотероризмот

Од:

Властите во Унгарија и Словачка ја изнесоа теоријата дека сегашното ширење на високо заразната шап и лигавка (ФМД) може да биде поврзано со биотероризам, без никакви научни докази за тоа.

Унгарија го забележа својот прв случај на шап и лигавка по 50 години во март, на сточарска фарма во близина на границата со Словачка. Оттогаш, вирусот е потврден во уште три унгарски фарми и шест словачки, што ги натера властите да започнат со вакцинирање на добитокот во обид да го спречат ширењето на болеста пред да се прогласи итен случај.

Словачка прогласи вонредна состојба, воведе гранични ограничувања и отвори центар за надзор составен од полиција, војска и пожарникари.

„Според моите сознанија, нема докази за поддршка на таквото сценарио“, рече вирологот Јиржи Черни од чешкиот универзитет за биолошки науки во Прага, коментирајќи ги наводите за можен биотерористички напад.

„Ова не значи дека треба да се игнорираат алтернативните објаснувања, но тие треба внимателно да се истражат и да не се претпоставуваат без докази“, додаде Черни.

Тој нагласи дека е многу поверојатно да се работи за ненамерно пренесување на вирусот, преку контаминирани чевли, облека, опрема или дури и пердуви на птици преселници.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан беше првиот што отвори простор за сомневање во природното потекло на вирусот.

На прес-конференција минатиот четврток, неговиот шеф на канцеларија Гергели Гуљас рече:

„Во оваа фаза не можеме да ја исклучиме можноста вирусот да не е од природно потекло. Можеби станува збор за вештачки конструиран вирус“, повикувајќи се на наводните информации од лабораториските анализи на едната страна, кои, сепак, не се потврдени.

Гуљас истакна дека експертите мора да истражат „секоја можност за напад од вештачки конструиран патоген“.

Еден ден подоцна, сличен став изрази и словачкиот министер за земјоделство Ричард Такач, кој во интервју на YouTube рече дека и Словачка ја разгледува истата теорија:

„Имаше различни шпекулации, поставуваме прашања, како и Европската комисија“, рече Такач и додаде „Можам да потврдам дека во официјалните документи од европските состаноци како едно од можните сценарија се споменува биотероризмот, темата е под истрага.

Европската Комисија одби да ги коментира изјавите на словачкиот министер, но потврди дека работи со земјите-членки на утврдување на изворот на вирусот. Изолацијата на вирусот и секвенционирањето на геномот во моментов се спроведуваат во референтната лабораторија на ЕУ, што може да помогне да се разјасни потеклото на инфекцијата.

„Не можеме да шпекулираме за временската рамка или за исходот од истрагата“, изјави портпаролката на Комисијата за Политико.

Поради избувнувањето, Австрија и Чешка ги зајакнаа граничните контроли, додека Обединетото Кралство привремено го забрани увозот на месо и млечни производи од ЕУ.

Шап и лигавка се смета за една од најопасните животински болести во светот. Иако ретко убива добиток, поради неговата екстремна заразност кај говедата, свињите, овците и козите, заразените фарми обично треба целосно да се деконтаминираат и животните да се еутанизираат.

Големата епидемија во Обединетото Кралство во 2001 година доведе до криза во земјоделството и туризмот, со штети над 15 милијарди евра. Тогаш беа евтаназирани повеќе од шест милиони животни.

Би можело да ве интересира

Орбан: Интеграцијата на Украина во ЕУ би го попречила развојот на Унгарија

Орбан: Луѓето кои работат против интересите на Унгарија во Брисел треба да исчезнат од јавниот живот

Унгарија ги затвора границите и масовно коле добиток: „Можеби е биолошки напад“

Бока: Македонија е земја-кандидат од 2005 година и верувам дека вистинското место на земјата веќе требаше да биде ЕУ

Орбан: Унгарија не може да учествува во политички извалканиот Меѓународен кривичен суд

Унгарија се повлекува од Меѓународниот кривичен суд