Унгарија е изземена од руските ограничувања за цената на нафтата

Од:

Унгарија е изземена од руските ограничувања за цената на нафтата предложена од Европската унија за време на преговорите во Брисел, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

На брифингот во Брисел, емитуван на неговата Фејсбук страница, тој рече дека врз основа на сегашниот предлог на ЕУ, испораката на нафта преку нафтоводите ќе биде ослободена од ценовните ограничувања, објави британскиот весник „Гардијан“.

Тоа значи дека доколку предложеното ограничување биде усвоено подоцна, тоа нема да влијае на Унгарија, посочи Сијарто.

Би можело да ве интересира

Сијарто: На Трамп не му требаат посредници за да се обиде да го реши конфликтот во Украина

Сијарто: Зеленски започна грда кампања против Унгарија во последните денови

Горан Наумовски

Сијарто: Украина силно одби дозвола за телефонски разговор меѓу Орбан и Зеленски

Сијарто: Унгарската амбасада во Париз доби закана за бомба

Сијарто: Некои лидери на НАТО сакаат Украина да ја продолжи војната против Русија до последниот млад човек

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија